Граѓаните се запознаа со функционирањето на Владата

26.12.2014 15:23

Владата ги отвори вратите за граѓаните, кои зачекорија по црвениот тепих. Се запознаа со работата и начинот на функционирањето на институцијата. Дел од нив разговараа со министрите, и дадоа свои предлози и критики...

Граѓаните изразија забележителен интерес на денот на отворената Влада. На манифестацијата „Црвен тепих“ пријавените во прошетка низ владините кабинети. По запознавањето со работата на министрите, очигледно задоволни од она што го видоа. И затоа побараа почесто да има вакви средби.

„Ја видовме салата во која се носат најголем дел од одлуките, и каде се потпишуваат договорите со странските инвеститори, ја почувствувавме атмосферата, видовме на кој начин се работи“, изјави Кире Алексов – Даневски.

„Задоволни сме од она што го видовме овде, па сметам дека треба вакви работи да има почесто“, изјави Чазми Османи.

„Јас би препорачала почести вакви средби за комуникација со граѓаните затоа што сите се соочуваат со некаков проблем, па добро е да се има некаков посреден или непосреден начин каде што ќе може тој проблем да се образложи“, изјави Милена Алексова – Даневска.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески граѓаните ги запозна со функционирањето на Комисијата за економски систем.

„Тука се ресорите што ја покриваат економијата, информатичко општество, јас и Пешевски. Така работат и останатите комисии, има комисии за политички прашања, за човечки ресурси“, им објасни Ставрески на граѓаните.

Владата е отворена а нејзината работа транспарентна. Пред окото на јавноста  лоцирано  местото за конференциите за новинарите со обезбедените услови за известување.

„Има можност да се осозне еден впечаток, граѓаните да бидат во институциите, затоа што овие институции припаѓаат на граѓаните, тие се бирани од граѓаните и во крајна инстанца припаѓаат на нив“, изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата на РМ.

Обиколката на граѓаните траеше до 13 часот. На останатите групи кои требаше посетата да ја остварат денеска од објективни причини им беше презакажан терминот.

Граѓани од утрово чекореа низ црвениот  тепих владата. Се интересираа како функционира владиниот кабинет. Ги видоа просториите каде премиерот и министрите ги креираат државните политики.

 

Наташа Гркова-Петрушевска