Спречен обид за детонирање автомобил во Приштина
Возачот е уапсен и на распит. За сега не е позната неговата етничка или верска припадност...

Косовската полиција соопшти дека спречила обид за детонирање автомобил полн со експлозивен материјал во Приштина.
„Уапсивме лице со српско државјанство во рено клио со српски таблички од Белград во коешто најдовме експлозивни направи“, изјави Баки Келани, портпарол на косовската полиција.
Возачот е уапсен и на распит. За сега не е позната неговата етничка или верска припадност.
Полицијата, врз основа на разузнавачки информации, го запрела доцна синоќа додека возел кон делот од градот каде што се сместени повеќе странски амбасади меѓу кои и амбасадата на САД. Властите издадоа предупредување за можни акции на исламските радикали на територијата на Косово.
