„Сони“ повторно жртва на хакерски напад
Заслугата ја презеде група што се нарекува Лизард Сквод. Инаку, по хакерскиот напад врз Сони Пикчрс за кој беше обвинет Пјонгјанг, заклучокот е дека филмот „Интервју“ е катастрофално лош...

Нов можен напад на хакерите, повторно е жртва Сони, заедно со Мајкрософт. Доживеале технички проблеми со онлајн услугите за Икс-бокс и Плејстејшн.
Заслугата ја презеде група што се нарекува Лизард Сквод. Инаку, по хакерскиот напад врз Сони Пикчрс за кој беше обвинет Пјонгјанг, заклучокот е дека филмот „Интервју“ е катастрофално лош.
„Сони мора многу да поработи на својата репутација во индустријата. Протечените информации влијаеја на неговите односи со ѕвездите и другиот персонал“, изјави Ендрју Валенстајн, „Варајети“.
Спорната приказна за атентат врз севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун беше емитувана за Божик во независните кина и доживеа масовно даунлоудирање во Кина и Јужна Кореја.
