Формула 1

Пријатни вести или само надеж?!

04.01.2014 14:06

Здравствената состојба на Михаел Шумахер се подобрува и тој не е во животна опасност, пренесе пријателот на седумкратниот шампион во Формула 1 Филип Штрајф. Сепак, оваа вест не е официјална, иако Штрајф тврди дека ја добил од Жерар Даилан, кој е хирург и семеен пријател на Шумахер.

Здравствената состојба на Михаел Шумахер се подобрува и тој не е во животна опасност, пренесе пријателот на седумкратниот шампион во Формула 1 Филип Штрајф. Сепак, оваа вест не е официјална, иако Штрајф тврди дека ја добил од Жерар Даилан, кој е хирург и семеен пријател на Шумахер. Лекарите од болницата во Гренобл засега не соопштуваат ништо ново, па останува најавата дека најверојатно утре ќе се обидат да го разбудат од индуцираната кома во којашто е Шумахер по скијачката несреќа на патеката во Мерибел.