Студентите повторно протестираа против државниот испит
Овој пат немаше марш туку собир пред Владата. Дел од студентите со пораки против реформите во образованието, дел со политички пароли. Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ побара одлагање на законските измени во високото образование...

Студентите на протест против државниот испит. Пред владата го повторија ставот дека оваа реформа ќе ја наруши автономијата на универзитетите. На протестот им се приклучија и дел од универзитетските професори. Пленумот доби помала подршка на овој од предходниот протест. Организаторите тврдат дека протестите не се политилки мотивирани, но се огласија со оценки кои не се однесуваат на образованието.
„Како се чуствувате пензионери кога на своите внуци немате ни 500 денари да им дадете за нова година, драги граѓани се собравме да им покажеме дека не сме стока, не сме добиток“, рече еден од студентите пред присутните.
„Разбираме дека сте робје како нас, робје на богатите и силните, на насилниците, на зулумчарите што ги запалија универзитетите од 4-те страни“, додаде студентка
На филозофскиот факултет беше формиран „Професорски пленум“ кој ги подржа студентите. Сакаат јавна дебата за законските измени во образованието што ќе се базираат на анализи и истражувања.
„Да организираме еден академски пленум каде што врз основа на една хоризонтална дистрибуција на идеите и на моќта, во рамки на него секој ќе има право да каже што сака“, соопшти Игор Ивановски, универзитет на Југоисточна Европа.
Наспроти професорите кои излегоа на протест друга група професори се за воведување на дсржавниот испит.
„Апсолвирање на студиите на студентот, но не да се сецка после втората година, добро е да има“, смета професорот Блажо Китанов од Универзитет „Гоце Делчев“- Штип.
И академик Горазд Росоклија, светски признаен научник, вели дека ваков испит во Америка е пракса и тој е неопходен за проверка на знаењето на студентите.
Американските студенти плаќаат 60.000 долари и за тие пари очекуваат да им биде дадено знаење, не безвредни дипломи, а знаењето се оценува со објективни тестови, смета Росоклија.
Додека студенстките протести добиваат политички димензии на вонредна седница, Ректорската управа на универзитетот „Кирил и Методиј“ побара јавна дебата и заеднички со надлежното министерство да ги креира реформите во високото образование.
Викторија Тодорвска
