Ќе се казнува продажбата и рекламирањето на чудотворните лекарства и средствата за слабеење
Ќе се казнува продажбата и рекламирањето на ,,наводно” чудотворните лекарства и на супер храната, односно, средствата за слабеење. Од Нова година, се применува Правилникот за нутритивни и здравствени тврдења, што е целосно усогласен со европската регулатива во оваа област.Реклами и ознаки дека станува збор за лековити производи и за средства за слабеење, ќе може да се ставаат единствено , доколку тие се наоѓаат на официјалната листа на ЕУ, или пак, ако за нив е изработена посебна научна студија.
Ќе се казнува продажбата и рекламирањето на ,,наводно” чудотворните лекарства и на супер храната, односно, средствата за слабеење. Од Нова година, се применува Правилникот за нутритивни и здравствени тврдења, што е целосно усогласен со европската регулатива во оваа област.Реклами и ознаки дека станува збор за лековити производи и за средства за слабеење, ќе може да се ставаат единствено , доколку тие се наоѓаат на официјалната листа на ЕУ, или пак, ако за нив е изработена посебна научна студија. Непочитувањето на правилникот, ќе значи и соочување со казна до 7 илјади евра во денарска против вредност. Од Агенцијата за храна и ветеринарство, велат дека пристигнале 231 барање, а одобрени биле само триесетина производи. Оваа институција најавува, дека постојано ќе се објавуваат регистри на производи, со одобрени нутритивни и здравствени тврдења. Ниту еден производ не ќе може да носи ознака дека спречува одредена болест, туку дека помага при лекувањето.
Свето Николовски
