Нови сорти костени и ореви од Турција во струмичкиот регион

27.12.2014 13:16

Од Федерацијата на фармери велат дека точно се знае во кој дел од струмичкиот регион може да виреат овие насади. Сега треба земјоделците да ги прифатат новите калеми и да ги расадат на овоштарниците...

Не растат високо, а род даваат уште во првата година. Ова се главните карактеристики на новите сорти костени, круши и ореви кои од Турција стигнаа во струмичкиот регион. Турските производители кои повеќе време ги одгледуваат овие калемени овошки сметаат дека овој регион има одлична клима за нивно засадување, но и развој на бизнисот.  Истовремено, родот е многу баран на странските пазари.

„Просечно, садениот материја чини 180 евра по декар“, вели Селаедин Салиу- дистрибутер.

Од Федерацијата на фармери велат дека точно се знае во кој дел од струмичкиот регион може да виреат овие насади. Сега треба земјоделците да ги прифатат новите калеми и да ги расадат на овоштарниците.

„Смолари, Дражево, Коњарево е костенот застапен, но другата сорта. Подогражденскиот дел е за орев. Висока Маала, Нова Млаа, во Василево да видиме со крушата“, вели Никола Стаменов- претседател на ФФРМ.

Македонските земјоделци  дел од новите калеми на различни видови дрвја запознаваат и при посетата на светските саеми, истакнуваат од Федерацијата на фармери, истакнувајќи ја користа од меѓународното искуство.

 

Катерина Давчева