Нова фабрика за преработка на овошје и зеленчук во Кривогаштани

27.12.2014 14:25

Зеленчукот и овојшјето ќе се откупувал од земјоделците од Кривогаштани и целото производство ќе било наменето за извоз, а веќе биле обезбедени и пазарите во западно европските држави...

Пред неколку денови македонска компанија ги купи сите 8 парцели во индустриската зона клај селото Славеј, во Општина Кривогаштани и планира да отвори фабрика за преработка на замрзнат зеленчук и овошје. Фабриката ќе се простирала на 2.000 метри квадратни затворен дел, а почетната инвестиција била околу половина милион евра

„Вработувањето ќе зависи од обемот на работата, на почетокот планираме да стигнеме со бројка од 60-тина, па можеби и 70 луѓе. Работата исто така на почетокот ќе биде сезонска онака како што ќе има зеленчук и овошје во сезоната, но ќе тежнеееме кон тоа да работиме преку целата година“, вели Здравко Попов, инвеститор.

Зеленчукот и овојшјето ќе се откупувал од земјоделците од Кривогаштани и целото производство ќе било наменето за извоз, а веќе биле обезбедени и пазарите во западно европските држави.

„Целиот зеленчук и овошје ќе се откупува тука од нашето место, потоа ќе се носи во капацитетот и таму ќе се преработува. На почетокот планираме годишно да откупуваме и преработуваме по околу 2.500 до 3.000 тони на земјоделски производи“, изјави Рубинчо Благадуша, инвеститор.

Бидејќи сега се откупени сите парцели во индустриската зона во селото Славеј, од наредната година Општината ќе започне со подготовка на планската документација за изградба на уште една многу поголема зона истото населено место.

Од Општината велат дека во најава имало и други инвеститори, кои ќе ги објавеле кога со нив ќе се допрецизирале договорите.

„Предвидено е формирање на уште една индустриска зона од поголем капацитет, бидејќи странските инвеститори бараат и поголеми парцели за да изградат поголеми фабрики и погони, така што тоа ќе ни биде и главната цел во 2015 година“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

Се очекува во овие капацитети во иднина да бидат вработени над 1.000 луѓе од целиот регион.

                     

Дарко Штаргоски