Работилница на ФЗОМ со пензионерите во Куманово

27.12.2014 14:29

Средба помеѓу кумановските пензионери и Фондот за здравство е последната од проектот „ФЗОМ поблиску до пензионерите“ што оваа установа ја реализира со цел да им помогне на лицата од третото доба да се запознаат со своите права и новините во здрваственото осигурување.Покрај за правата тие имаа можност со стручни лица да разговаараат за превенцијата од трите хронични кардиоваскуларни заболувања...

За подостоинствени пензионерски денови, Фондот за здравствено осигурување има низа проекти и мерки со цел олеснување на нивниот пензионерски живот. Кумановските пензионери глобално се задоволни од услугите како што се пристапот до здравствените услуги и установи , правото на бесплатно бањско лекување и снабдувањето со неопходните лекови.
 
На деншната едукаивна раболница пензионерите разговараа со претставници од правниот сектор на Фондот и лекари на две теми кои се значајни за ова категорија граѓани а тоа се правата од здравственото осигурување и за  за здравјето ставјќи акцент на превенцијата од трите хронични заболувања од кардиоваскуларните заболувања.
 
Наредната година ќе бидат одржани 10 средби повеќе на ниво на државата, а ќе дискутира на прашањата кои пензионерите ги посочиле како клучни за нив.
Што се однесува до тазе пензионираните од Фондот инфомрираа дека од јануари секој нов пензионер, без разлика што нема добиено решение за пензионирање, ќе има бесплатно здравствено лекување.
 
Инаку на ниво на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане има над 13.000 пензионери.
 
Габриела Димковиќ