Седум системски грешки- клучни за падот на претседателскиот „Кингер“

27.12.2014 16:50

Директната причина се лоцира кај пилотите. На аеродромот во Мостар немало радар. Омер Кулиќ го презентира извештајот со деталите за авионската несреќата во која загина поранешниот шеф на државата Борис Трајковски, неговите соработници и екипажот...

Индиректни грешки за падот на авионот истражителот Омер Кулиќ пронаоѓа во СФОР, во македонските и босанските воздухопловни власти. Од несоодветна инспекција и одржување на авионот, до не сменети процедури за слетување. Тој дециден е дека има 7 причини директи за падот на кингерот во кои загина претседателот Трајковски и членови на кабинетот и посадата. Авионот воопшто не требал да полета од Скопје поради лошите времески услови.

„Не извршиле подготвока за приближување и слетување на аеродромот во Мостар, ја испуштиле метео информацијата дека облаците се пониски отколку најниската точка за летање, не го прекинале приоѓањето и не заминале на друга дестинација, кога го изгубиле сигналот кој служи за приоѓање кон аеродромот. Замениле две точки на приоѓање од седум и десет милји и почнале порано да се спуштаат, го исклучиле автопилотот и летале мануелно, што е страшна грешка. Во случајот ко-пилотот, не ја одржувал високичата од две илјади фити, која му била зададена“, објасни Омер Кулиќ, истражител за авионската несреќа.

Кингерот сам по себе тврди Кулиќ не е причина за падот иако не ги исполнувал условите. Едната црна кутија која ја регистрира висината и останатите параметри во летањето на работела. Наместо дигитална била аналогна. Авионот го немал уредот кој предупредува дека леталото се ближи кон тло. Уредот кој по падот на авионот требал сателитски да испрати сигнал  за локацијата, воопшто не работел. Уредот од аеродромот кој испраѓа сигнал за навигација до авионот во еден момент прекинал со работа. Нашиот дел од комисијата тврди- СФОР 25 часа ја криел локацијата на авионот иако се знаела само по еден час.

„Бришење на историјата на летот на ВОР ДМЕ системот токму на 26 февруари, немаме податоци- како е можно тоа?!“, вели Сотир Костов, македонски претставник во Комисијата.

Истражната комисија денеска ги отфрли шпекулациите дека врз авионот е направен терористички акт. Дека е во него стрелано со ракета или пак дека експлодирала направа во авионот. Таги од експлозив не се пронајдени во вештачењето.

 

Миле Ристески