„Одлучна поддршка“: Во Авганистан денеска заминаа 20 македонски мировнци
И психичката и физичката подготовка се на највиското ниво. Министерсот за одбрана, Јолевски вели дека ова е уште еден силен аргумент зошто земјава треба да биде дел од НАТО...

20 македонски мировници денеска заминаа на задача во Авганистан. Ќе учествуваат во новата меѓународна мисија „Одлучна поддршка“. Пред одење потврдија дека се целосно подготвени да дадат свој придонес во зачувување на глобалниот мир и безбедноста.
„Водот е обучен на највисоко ниво и уште еднаш ќе се обидеме да го прикажеме ликот на професионалниот војник на АРМ“, велат мировниците.
Македонија досега има добиено највисоки оцени за нејзиното учество во меѓународните мировни мисии. Според министерот за одбрана, Јолевски ова се силни аргументите зошто земјава треба да биде дел од НАТО.
„Голема чест е што заменикот командат на Кабул е македонски офицер, а со ова покажуваме дека сме високо квалитетна и ценета Армија, и сето тоа придонесува на аргументите зошто Република Македонија треба да и припаѓа на Алијансата“, изјави Зоран Јолевски, министер за одбрана.
Република Македонија во рамките на новата мисија на НАТО ќе учествува со 38 припадници на Армијата.
20 – мината кои денеска беа испратени во Авганистан ќе останат шест месеци и ќе бидат дел од обезбедувањето на командата на мисијата.
Оваа задача и досега ја извршуваа припадниците на АРМ во рамките на ИСАФ.
Сунчица Николовска
