Македонската индустрија пожилава од европската!
Одржувањето на добрата бизнис клима и влезот на странските компании клучни за континуираниот раст на индустриското производство 15 месеци по ред. Министерот Ставрески вели – македонската индустрија се покажа пожилава од европската...

Над 5 проценти е растот на индустриското производство во Македонија 15 месеци по ред, објави Државниот завод за статистика. Надлежните задоволни, велат во време кога евроската индустрија не е на задоволително ниво, македонската индустрија покажува добри резултати. Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, тоа е тренд што ги отсликува силата и жилавоста на индустрија во државава.
„Тоа е резулат и на странските компании кои работат во индустриските зони и на политиките на Владата да привлече странски инвеститори, но и на одржување на добрата бизнис клима во земјава, со одржување на најниски даноци во светот. И со помошта која им ја дадовме на домашните компании, со кредитите од 5,5 проценти, и помогнавме и домашните компании и домашните фирми успешно да работат“, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Соработката на Владата и државните институции, со стопанските комори и директно со компаниите дава резултати, велат надлежните, освен индустриското производство, расте и извозот, вкупната економија, девизните резерви, се намалу невработеноста. Лани Македонија беше држава со трет најголем раст во Европа, годинава во првите три квартали држава со втор највисок раст во Европа. Се очекува и 2015 година да биде исто така добра за македонската индустрија.
Наташа Јанчиќ
