Професорите на протест за да останат комотни!
„Нервозата кај некои професори од потребата да објавуваат повеќе трудови во реномирани списанија е главниот мотив да ги генерираат и да ги поддржат студентските протести“ - премиерот Груевски за реформите во високото образование...

Мал дел од македонските професори издаваат научни трудови во реномирани меѓународни списанија. Според анализите, лани биле издадени само 300 труда, а во изминативе шест до седум години 4.000. Во Словенија пак оваа бројка е за 12 пати поголема –словенечките професори издале 50.000 трудови.
Според премиерот Никола Груевски, некои од професорите се гневни затоа што од нив ќе се бара да издаваат повеќе научни трудови и истражувања и токму затоа и тие почнале да излегуваат на протести и со сите сили ги туркаат студентите да протестираат.
„Тој заб ги боли дел од професорите- не сите, меѓутоа не сакаат тоа да кажат, туки ги хушкаат студентите да протестираат за нешто што нив не е важно, бидејќи нив не ги фаќа нив државниот испит. Сега да не излезе дека протестираат само професорите и да не излезе дека протестираат за да работат научни турдови. Штом си се определил за професор треба да знаеш дека треба да си конкурентен на европско ниво“, изјави премиерот Никола Груевски.
Со новите законски измени се предвидува од 2018-та секој професор во 5 годишен период да издаде 2 научни труда само во реномирани списанија. Според Груевски ова не им одговара на дел од професорите и токму затоа се затскриваат зад протестите против државниот испит.
„Конкретно за вчерашниот протест знам дека на неколку факултети знам дека со сила биле мотивирани да излезат. Главниот штос е тоа, од 2018 ќе мора малку поголем ангажман да направат ако сакаат да останат ментори, ако скаат да бидат релевантни професори“, вели премиерот Груевски.
Според Груевски, вториот мотив зошто професорскиот пленум им дал поддршка на студените е поради тоа што тие веќе нема да можат да им даваат оценки на студените без знаење, бидејќи ќе мора да научат барем за 6-ка на државниот испит.
Викторија Тодоровска
