Португалците втора шанса
04.01.2014 14:09
Откако загубија од Србија со 3-0 (25-22, 25-22, 25-23) на отворањето на мундијалскиот квалификациски турнир во Ниш, македонските одбојкари денеска ќе играат со Португалија. Со оглед на квалитетот и на реномето, но и на фактот што Србите се домаќини, почетниот пораз на нашата репрезентација беше очекуван, особено што неколку играчи се пожалија на вироза и настапија недоволно подготвени.

Шансите за повидна улога на турнирот Македонија треба да ги бара во соочувањето со Португалците, кои исто така претрпеа пораз во првото коло. Иако освоија сет, за нив пресилна беше Словенија.
Доколку победат, избрниците на Жарко Ристовски ќе имаат математика за освојување на второто место во групата кошто овозможува дополнителни калкулации за место на Светското првенство.
***
Квалификации за СП, турнир Ниш:
2.коло, денеска
Македонија – Португалија
Србија – Словенија
1.коло, вчера:
Србија – Македонија 3-0
Словенија – Португалија 3-1
3.коло, утре:
Македонија – Словенија
Србија - Португалија