Вајгл: Македонија да прати силна порака за својата внатрешна консолидација

27.12.2014 17:31

„Македонија треба да прати силна порака за својата внатрешна консолидација - парламентот е главниот сигнал, како дома, така и во светот“ - вели Иво Вајгел, новиот известувач за земјава во Европскиот парламент. Тој е разочаран што Европскиот совет нема слух за перпораките на Европската комисија...

Првиот извештај на Иво Вајгл за Македонија ќе влези во парламентарната процедура на почетокот на 2015-та година, по што препораките од европратениците ќе бидат повторно преточени во резолуција која ќе треба да се гласа на пленарна сесија. Известувачот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија во евроинтеграцијата го дава и следниот совет:

Македонија, мора и понатаму да работи за да се применат критериумите, вредностите и стадардите кои важат во Европската Унија и кои се неизбежни за државите кандидати. Македонија исто така мислам дека треба да даде порака за сцвојата внатрешна консолидација  со што ќе најде начин да се реши блокадата на Парламентот. Парламентот е тој кој испраќа пораки како дома, така и во светот.“

Одлуката да не се отворат преговорите за зачленување на Република Македонија во Европската Унија, наиде на критики во Европскиот парламент. Известувачот  Вајгл, смета дека тоа е „слаба порака“ и доказа дека во ЕУ не се размислува страгиски при донесувањето на ваквите одлуки.

„Мислам дека е апсолутно потребно да се донесеше колку што е можно побрзо одлуката за почеток на преговорите со Македонија. Со што, на процесот кој трае предолго и е е забавен само поради едно прашање и една држава која го блокира почетокот на преговорите, ќе му се стави крај“, вели Вајгл.

Словенечкиот европратеник притоа се надева дека новата Европска комисија ќе најде начин за излез од оваа ситуација.

Со оглед дека новиот претседател на Европската Комисија, Јункер воведе нов дух во размислувањето на Европската Комисија, малку повеќе позитивна енергија и прагматизам, верувам дека и новата комисија ќе даде нов поттик и поинакво размислување во однос на европската иднина на Македонија“.

 

Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ