Новогодишна бајка во дворот на кавадаречкото семејство Варелови

27.12.2014 17:42

Кавадаречкото семејство Варелови 18-та година украсувајќи го новогодишно својот двор приредуваат незборавни доживувања за сограѓаните, но и за овие кои поминуваат и по стотина километри само за да ја почуствуваат магијата на светилките и ракувањето со најсаканиот Дедо Мраз...

Со секое спуштање на ноќта и светнувањето на илјадниците светилки  одново се раѓа новогодишната илуминација во дворот на кавадаречкото семејство Варелови. Од средината на ноември до првата недела на декември ова семејство неуморно работи за да го создаде домот на Дедо Мраз.

„Секоја година измислуваме по нешто ново да биде поубаво по интерсно. Оваа година имамвме нови идеи, ставивме нови украси за да се надополни пејсажот новогодишен, да боде побогат“, вели Милка Варелова.

На оваа природна убавина и се радуваат сите, а на Дедо Мраз најмногу најмладите. Покрај традиционалните новогодишни украси во дворот на Варелови на децата вниманието им го привлекуваат и приказните и експонатите во таканаречениот етно- музеј.

„Во стариот музеј на Дедо Мраз најубаво ми беше кај што ткаел... Беше најубаво во дворот на Дедо Мраз кај што еленчето спиело во колиба“, велат дечињата, гости во дворот на Дедо Мраз.

А каде е Дедо Мраз таму покрај подароците има интересни прашања, песна, но и многу игра.

18-та година по ред семејството Варелови на својот двор му даваат новогодишна душа. Да се сплотат луѓето мегу себе, да се дарува и прима насмева пред новогодишните празници, тоа е мотивот кој ова семејство очекува да го следат и други. 

Дијана Иванова