Груевски: Над 130 милиони евра за локални патишта во 2015-та
27.12.2014 17:50
Тоа ќе значи подобрување на овие патишта, во смисла некои ќе се реконструираат целосно, некои ќе се изградат нови. Ќе значи дополнителен ангажман на градежната оператива...

Владата за изградба и реконструкција на регионални и локални патишта во 2015 година ќе вложи 132 милиони евра со што ќе го поддржи и растот на економијата.
„Тоа ќе значи подобрување на овие патишта, во смисла некои ќе се реконструираат целосно, некои ќе се изградат нови. Ќе значи дополнителен ангажман на градежната оператива, дополнителни вработувања, влијание на растот на економијата, на индустриското производство, на градежништвото така што продолжуваме со едно силно темпо“, изјави премиерот Никола Груевски.
Според него, во последните две години фокусот беше на автопатиштата и посочи на трите големи автопатишта, чија изградба е во тек.
