Путин потпиша нова доктрина, НАТО најголема закана за Русија
27.12.2014 17:58
Путин го повторува обвинувањето дека западните држави го спонзорирале државниот удар во Украина...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша нова воена доктрина според која најголема закана за Русија претставува засилувањето на НАТО во непосредна близина на нејзините граници.
Путин го повторува обвинувањето дека западните држави го спонзорирале државниот удар во Украина. Новата доктрина задржува некои одредби од 2010 година според кои Русија може да употреби нуклеарно оружје, ако против неа или некој од нејзините сојузници е употребено нуклеарно оружје или друго оружје за масовно уништување.
Меѓудругото, новина е и тоа што како една од воените цели се смета заштитата на националните интереси на арктичкиот регион.
