По Нова година- канцеларија за информации за проектот „Купи куќа, купи стан“

27.12.2014 18:12

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески вели дека така ќе се добијат сите детали...

По Нова година, Министерството за финансии ќе отвори посебна канцеларија во која секој ден во одреден период ќе прима граѓани кои сакаат да се информираат за проектот – „Купи куќа, купи стан“.

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески вели дека така ќе се добијат сите детали, а целта е што поголем број луѓе да го решат прашањето за сопствен дом.

Голема постетеност и денеска на саемот за „Купи куќа, купи стан“ што се одржува во трговскиот центар „Рамстор“.