Снежно невреме во Европа
27.12.2014 18:22
Повеќе од 100.000 лица останале без струја поради проблем со електричните мрежи. Во северните делови на Англија и на Шкотска се очекуваат нови врнежи...

Студеното време проследено со силни снежни врнежи зафати делови од Британија притоа создавајќи им проблеми на возачите. Некои од нив поради снегот биле принудени да ги остават автомобилите на патиштата.
Повеќе од 100.000 лица останале без струја поради проблем со електричните мрежи. Во северните делови на Англија и на Шкотска се очекуваат нови врнежи.
Снегот покри делови и од Швајцарија, Франција и Германија, каде што снежната покривка изнесува и до 40 сантиметри.
