Промовирани нови 50 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

27.12.2014 18:36

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека станува збор за 50 нови томови, односно 3.000 зборови кои ќе ја збогатат нашата лексикографија, ќе ги афирмираат потенцијалите на нашиот животворен македонски јазик...

Нови 50 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ беа промовирани денеска во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Сатанува збор за дела од претежно европското книжевно наследство од 19 и 20 век кои првпат се преведени или реобјавени. 

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека станува збор за 50 нови томови, односно 3.000 зборови кои ќе ја збогатат нашата лексикографија, ќе ги афирмираат потенцијалите на нашиот животворен македонски јазик кој несомнено може да одговори на предизвиците и на најсуптилните размисли на големите автори кои ја одбележаа светската книжевна историја.

Со проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ ние извојувавме навистина голема победа. Беспрекорно преведени и издадени 410 ремек-дела од светската книжевност на македонски јазик, рече Канческа-Милевска.