Казни по 2 500 евра за лажни попусти

04.01.2014 14:11

Поради лажни попусти, Државниот пазарен инспекторат казнил седум бутици. За време на предновогодишните празници, ги довеле во заблуда  потрошувачите, затоа што им нуделе лажни попусти. Продавниците биле лоцирани во  поголемите  трговски центри во метрополата, и  сите  заработиле казни од по 2.400 евра во денарска против вредност,  односно, половина од оваа сума, ако казната ја платат во рок од 8 дена. Инспекцијата направила 56 надзори во скопските трговски центри, во објекти кои се рекламирале дека имаат попуст.

Поради лажни попусти, Државниот пазарен инспекторат казнил седум бутици. За време на предновогодишните празници, ги довеле во заблуда  потрошувачите, затоа што им нуделе лажни попусти. Продавниците биле лоцирани во  поголемите  трговски центри во метрополата, и  сите  заработиле казни од по 2.400 евра во денарска против вредност,  односно, половина од оваа сума, ако казната ја платат во рок од 8 дена. Инспекцијата направила 56 надзори во скопските трговски центри, во објекти кои се рекламирале дека имаат попуст. Проверките покажале, дека станувало збор за измама на потрошувачите,затоа што  имало нереални намалувања на цените. Сите овие контроли биле направени, на иницијатива на инспекцијата,  а досега немало ниту една пријава на граѓани, за нереалните попусти во трговските објекти.  

Свето Николовски