Го нема Антиќ, Атланта загуби!
Неговата Атлатнта по пет победи, неочекувано дома загуби и тоа убедливо од Милвоки со 107:77...

Три години откако беше избран за најдобар спортист на македонија, кошаркарот Перо Антиќ е дел од најсилната лига во светот, НБА. Неговата Атлатнта по пет победи, неочекувано дома загуби и тоа убедливо од Милвоки со 107:77. Поради повреда на зглобот, Антиќ го пропушти дуелот по којшто Хоукс останаа на второто место на Источната конференција со биланс 20-8 или триумф помалку, а пораз повеќе од Торонто.
Германецот Дирк Новицки не беше најефикасен во домашната победа против Лејкерс со 102:98, но 14-те поени му беа доволни да се искачи на осмата позицја на вечната листа на најдобрите НБА стрелци. Рондо кај Маверикс постигна 21 кош, Коби Брајант и овојпат одмораше.
Во најитересниот од 11-те дуели, Хјустон како гостин по продолжение го совлада Мемфис со 117:111 и му ја презеде третата позиција на „западот“. Харден реализираше 32 поена, 10 асистенции и 8 скока.
Шампионот Сан Антонио е поразен по тринаесетипат во 31 меч сезонава. Њу Орлеанс беше подобар од Спарс со 97:90, благодарение на Дејвис и на Андерсон кои постигнаа по 22 поена.
Во другите натпревари: Бостон - Бруклин 107:109, Орландо - Кливленд 89:98, Детроит - Индијана 119:109, Оклахома - Шарлот 98:75, Денвер - Минесота 106:102, Портланд - Филаделфија 114:93 и Сакраменто - Феникс 106:115.
