Зимски спортови

63-та Новогодишна турнеја „Четири скокалници“!

28.12.2014 00:09

Лојцл, Кофлер, Моргенштерн, Шлиренцауер и Дитхарт не е составот на австрискиот тим за новото издание, туку редоследот на победниците на последните шест турнеи...

За едни од најхрабрите спортисти, трофејот на „Четирите скокалници“ е речиси на рамниште на освојување на олимписки медал, што ја прави Новогодишната турнеја дополнително атрактивна.

Лојцл, Кофлер, Моргенштерн, Шлиренцауер и Дитхарт не е составот на австрискиот тим за новото издание, туку редоследот на победниците на последните шест турнеи. Привлечноста на новата е во тоа што Австријците, теоретски не се главни кандидати за трофејот иако со 15 победи им недостига само уште една да го израмнат рекордот на финските и на скокачите од двете германии.

Сезонава ситуацијата е поинаква, па меѓу фаворитите, но не и меѓу најголемите, има само еден Австриец, Хајбек. Сепак, најголеми шанси за победа овојпат имаат најдоброрангираните во Светскиот куп,  лидерот Фанемел од Норвешка, Чехот Куделка, Германецот фројнд, Словенецот Превц и Швајцарецот Аман кој освоил се во кариерата освен Новогодишната турнеја.

Најуспешен во историјата со пет триумфи е Финецот Јане Ахонен, додека единствен со победи на натпреварувањата на сите четири скокалици е Германецот Свен Ханавалд кој овој подвиг го направи во сезоната 2001 - 200.

Почнувајќи од 1952-та година, неколку пати бил сменет рсапоредот, но никогаш не и скокалниците, па 63-та Новогодишна турнеја ќе почне утре во Оберсдорф, ќе продолжи исто така во Германија, традиционачно на први јануари во Гамиш -Партенкирхен, па ќе се пресели во Австрија во Инсбрук на 4-ти и во Бишофсхофен на 6-ти јануари.