Црвена Звезда и натаму несовладлива!
Црвено - белите го совладаа актуелниот шампион Цибона со 80:64 и го продолжија рекордот на 15 победи на стартот на сезоната...

И во 15-то коло на АБА лигата, кошаркарите на Црвена Звезда го продолжија максималниот ефкет. Црвено - белите го совладаа актуелниот шампион Цибона со 80:64 и го продолжија рекордот на 15 победи на стартот на сезоната, а го израмнија постигнувањето на Партизан од исто толку мечеви без пораз од сезоната 2008 / 2009-та.
Цедевита беше подобра од Олимпија со 66:60 и со биланс 11-4 барем привремено се проби на втората позиција пред екипата на Будуќност којашто има меч помалку.
Со гостинскиот триумф против Крка со 78:72, Партизан дојде до петтото место со осум победи и со седум порази.
И покрај поразот кај Задар со 74:68, МЗТ Скопје напредуваше на 11-та позиција, но само до утрешните натпревари во коишто ќе играат: Будуќност - Игокеа, Мега Лекс - Левски, како и понеделничкиот дуел Металац - Солнок.
