Ракомет

Израел е прв тест

28.12.2014 12:43

Противник што не е од ранг на најдобрите европски репрезентации,но според селекторот Ивица Обрван е одличен избор за тест во првата фаза на подготовките пред значајниот настап на мундијалот...

По неколку дена минати на заеднички подготовки пред настапот на светското првенство во Катар,нашите најдобри ракометари денеска ќе одиграат прв контролен натпревар против селекцијата на Израел.Противник што не е од ранг на најдобрите европски репрезентации,но според селекторот Ивица Обрван е одличен избор за тест во првата фаза на подготовките пред значајниот настап на мундијалот.Победата е императив за нашите ракометари,иако на подготвителни  натпревари резултатот најчесто е во втор план. Според селекторот сите наши ракометари денеска ќе добијат шанса за да се процени кој до каде е со подготвеноста и на што да се посвети внимание во наредниот период, а од тактички аспект ќе се игра нашата класична игра ,додека  евентуалните акции со кои би ги изненадиле нашите противници на СП во Катар ќе се практикуваат на утрешниот затворен за јавноста,втор контролен дуел со истиот противник.

Натпреварот Македонија-Израел ќе биде и последна можност за љубителите на спортот кај нас на дело да ги видат нашите репрезентативци кои по новигодишните празници ќе заминат на турнир во Париз ,а оттаму во катар на светското превенство што за нас ќе стартува на 16 јануари со натпреварот против Тунис. Истовремено сите кои ќе присуствуваат во СЦ Јане Сандански ќе партиципираат и во хуманиот аспект на натпреварот бидејќи сите собрани средства се наменети за СОС детското село.

Дуелот Македонија-Израел ќе почне во 17 часот и 45 минути, а неколку минути порано и преносот на собранискиот сервис на МРТ.