Јубилеј: 70 години Mакедонско радио- 50 години Mакедонска телевизија
МРТ остана во служба на граѓаните, нераскинлив дел од македонското национално ткиво...

Пред 70 години за прв пат во етерот се слушна македонскиот збор на Радио Скопје. Пред пет децении од зградата во Нерези се емитуваше и првиот телевизиски Дневник. Од тогаш со децении со голем ентузијазам, Македонската радио телевизија ги бележи сите настани автентично како на филмска лента.
МРТ со своја приказна, од формирањето до денеска, го помина патот пред сите големи предзивици.
Во 1986- тата за само две секунди беше префрлен радио сигналот од Нерези во големата зграда. Нема сомнение дека светот ќе се гледаше на поинаков начин да не постоеше телевизијата.
Честопати нарекувана волшебна кутија, телевизијата ја има и ќе ја има главната улога во креирањето на јавното мислење. Има своја приказна од формирањето до денес, медиум кој го помина патот автентично забележувајќи ги, како на филмска лента, сите настани со кои растеа генерациите, како во социјализмот така и во транзицискиот период, па сѐ до денес.
Телевизија Скопје сѐ до 1992-та година функционираше во рамките на ЈРТ, од ’93-та го промени името во Макеоднска Радио Телевизија, самостојна членка на ЕБУ.
Пред две години заврши дигитализацијата на Македонската телевизија, а новата опрема ја стави на ниво на европските јавни сервиси.
Со голем професионализам, квалитетни содржини, рамо до рамо со светските сервиси, Македонската радио телевизија продолжува да чекори и да ги следи сите настани и случувања, да ги презентира во јавноста.
