Ѓорѓи Крзмов- 30 години ги изработува костимите за струмичкиот театар
Професија театарски костимограф-ова е 30 годишното ангажирање на Ѓорѓи Крзмов од струмичкиот театар, кој изработувајќи ги костимите, заедно со актерите, како да ја одигруваше секоја претстава. Изработил костими и за два играни филма, но театарските штици се неговата вистинска преокупација...

Театарската претстава не ја носи само текстот, актерската игра, режисерската поставка, или музичката подлога. Костимите се тие кои ја даваат потребната боја и динамика, за едно целосно естетско визуелно уживање. 30 години костимите во струмичкиот театар „Антон Панов“ ги создава Ѓорги Крмзов. Освен што ги дизајнира, тој и самиот ги изработува костумите за театарската сцена.
Во соработка со актерите и во зависност од претставите, Ѓорги изработува костуми со специфична изработка и материјали. Во неговото професионално портфолио запишани се и костумите во два филмови на родокрајните режисери, Горан Тренчовски и Јани Бојаџи.
Крмзов вели дека преку изработката на костумите го покажува својот талент, знаење и умешност и дека и во иднина ќе дозволи костумите да зборуваат за неговаа работа. Со нетрпение ги очекува новите костимографски приказни кои ќе ги донесе струмичкиот театар.
Катерина Давчева
