Инвестиции и наводнување во земјоделството
Министрите за земјоделство на повеќе од 70 земји во светот бараат начин како да се намали бројката, од скоро една милијарда хронично гладни луѓе. Одржливо земјоделство е едно од решенијата за поголемо производство.
Состојбата ќе се усложнува констатираат министрите за земјоделство. Популацијата се зголемува,а ресурсите се ограничени.Проблемот е познат,технологија има,треба да се дејствува.
Во документот што минатата година го усвоија првите луѓе на ресорот земјоделство стои дека ова е клучен сектор за создавање така наречена зелена економија.
Употребата на почвата и водата мора да биде ефикасна. Богатите да ги помагаат и насочат што повеќе инвестициите во послабо развиените земји,а неопходно е и финансиска поддршка за малите фармери.
Македонија произведува доволно храна и не спаѓа во групата загрозени земји,но мора рационално да ги користи природните ресурси и да води сметка за последиците од климатските промени што веќе се чувствуваат.
Препораката на Светска банка е рационално користење на водатите и оддржување на системите за наводнување.
Методија Трајков
