Кривични пријави за злоупотреби на земјоделски субвенции
28.12.2014 16:14
Државните службеници се товарат за несовесно работење, злоупотреба на службената положба, а правните лица за измама за добивање кредит или други погодности...

Кривични пријави за осуммина вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и 5 правни лица.
Државните службеници се товарат за несовесно работење, злоупотреба на службената положба, а правните лица за измама за добивање кредит или други погодности.
Криминалното дејсво го направиле така што врз постоечки лозови насади на Богданци, го земале земјиштето, го префрлиле на петте правни лица и за тоа земале субвенции.
Буџетската каса ја оштетиле за над 4 милиони денари.
