Истражување: Архиепископот Стефан со најголем рејтинг во Светиот православен синод

28.12.2014 16:18

Тој доби 26, 9 насто во телефонската анкета што е направена од 18-ти до 21-ви декември на примерок од 1.012 испитаници...

Архиепископот Стефан, поглаварот на МПЦ Охридкса Архепископија има најголем рејтинг во Светиот православен синод, покажува истражувањето на Институтот за политички истражувања Скопје.

Тој доби 26,9 насто  во телефонската анкета што е направена од 18-ти до 21-ви декември на примерок од 1.012 испитаници.

Владика со најголем рејтинг по архиепископот е Тимотеј, а потоа следува владиката Агатангел.

Анкетата е направена по барање на Зздружението на македонските православни општини  во Австралија.