Евакуација на италијанскиот траект во кој избувна пожар

28.12.2014 16:27

Ветерот и ниските температури ја отежнале спасувачката акција, а некои патици скокнале во морето за да избегаат од пламените јазици...

Голема меѓународна спасувачка операција во Јонското Море  на северозапад од островот Крф откако изби пожар на италијански траект со 466 патници. Бродот пловел од Грција кон Италија.
 
Ветерот и ниските температури ја отежнале спасувачката акција, а некои патици скокнале во морето за да избегаат од пламените јазици.
 
Според Ројтерс, бродот бил евакуиран, а 150 луѓе биле префрлени од чамците за спасување на товарен брод кој бил во близината кога избил пожарот на траектот.
 
Меѓу патниците има и тројца македонци.
 
Не е познато дали има настрадани, ниту дали некој од патниците паднал во морето.
 
Во операцијата на спасување, учествувале грчките, италијанските и албанските власти.