Тодоров: Подостапна здравствена заштита со руралните доктори
Веќе следната недела ќе се отвораат рурални аптеки во населени места до 3.500 жители...

За 10 месеци реализирани се 74.000 прегледи. Според податоците, руралните лекари препишале вкупно над 25.000 рецепти. Најмногу за хронична терапија, за висок крвен притисок, за срцева слабост, како и антибиотици.
Веќе следната недела ќе се отвораат рурални аптеки во населени места до 3.500 жители.
„Во населени места до 1.000 жители, граѓаните ќе може да ја подигнат потребната терапија од подвижна аптека. Другата новина што е воведена е тоа што тимовите во кој било пункт, односно во кое било населено место ќе може да земат крв за лабораториска анализа, а резултатите од анализата ќе се испраќаат по електронска пошта или пациентот ќе ги зема резултатите на наредниот термин“, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.
