Снегот донесе радост и отежнат сообраќај
Падна првиот снег во Скопје. Ги израдува децата, но го отежна сообраќајот. Зимските служни се на терен, го чистат снегот од улиците во критичните зони...

За само неколку часа метрополата осамна под бела покривка. Долгочекуваниот снег донесе радост за најмладите. Се санкаа, фрлаа снежни топки. Снегот донесе радост и за децата, но и за тинејџерите.
Нема доцнење на автобусите, но граѓаните задоволно велат и тоа во вакви услови е очекувано.
Од град Скопје соопштуваат дека повеќе од 30-ина возила на ЈП Улици и патишта се подготвени да реагираат, се интервенира со соларки и со плуг на речиси сите булевари.
Снегот и натаму трупа,создава потешкотии по улиците на главниот град. Може да се вози едвај со 40 километри на час.
Возилата се туркаа, некаде се движеа, важно е да се има зимски пневматици. Метеоролозите прогнозираа врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта.
Дијана Ценевска
