Бизнис секторот бара задолжницата да остане доброволна

28.12.2014 17:20

Целта на oваа мерка е да се воведат нови правила во бизнисот за да не растат долговите на фирмите. Таа е инструмент за обезбедување на побарувањата...

Задолжницата да не биде задолжителна туку и натаму да се применува на доброволна основа како и досега, бара бизнис секторот. Ваквото барање на адреса на владата стигнало од сите комори во земјава.

Инаку, задолжителната задолжница требаше да важи од први јануари за сите трансакции над 300.000 денари.

По барање на бизнис секторот, примената беше одложена за три месеци, односно требаше да важи од 01.04 2015.

Сега, коморите бараат задолжницата да не стане задолжителна, туку субјектите да можат да ја применуваат само доброволно.

Целта на oваа мерка е да се воведат нови правила во бизнисот за да не растат долговите на фирмите. Таа е инструмент за обезбедување на побарувањата.

Барањето за задолжителна задолжница стигна од бизнис секторот и има за цел да овозможи нивно непрекинато работење.