Инвестиции и наводнување во земјоделството

04.01.2014 15:07

Министрите за земјоделство на повеќе од 70 земји во светот бараат начин како да се намали бројката, од скоро една милијарда хронично гладни луѓе. Одржливо земјоделство е едно од решенијата за поголемо производство.

Состојбата ќе се усложнува констатираат министрите за земјоделство. Популацијата се зголемува,а ресурсите се ограничени.Проблемот е познат,технологија има,треба да се  дејствува.

Во документот што минатата година го усвоија првите луѓе на ресорот земјоделство стои дека ова е клучен сектор за создавање така наречена зелена економија.

Употребата на почвата и водата мора да биде ефикасна. Богатите да ги помагаат и насочат  што повеќе инвестициите во послабо развиените земји,а неопходно е и финансиска  поддршка за малите фармери.

Македонија произведува доволно храна и не спаѓа во групата загрозени земји,но мора рационално да ги користи природните ресурси  и да води        сметка за последиците  од климатските промени што веќе  се    чувствуваат.

Препораката на Светска банка е рационално користење на водатите и оддржување на  системите за наводнување.

Методија Трајков