Скопје: Фрлени 145 тони сол на градските булевари и улици

29.12.2014 09:47

Изминатата вечер на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје се фрлени 145 тони сол...

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата вечер продолжија со активностите за расчистување на снегот од градските булевари и улици. Во моментов сите булевари и магистрални улици кои се во надлежност на Градот Скопје се проодни, а екипите на ЈП "Комунална хигиена" работат на расчистување на тротоарите.

Изминатата вечер на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје се фрлени 145 тони сол.

Утрово поголем број на автобуски линии на ЈСП функционираа на скратена траса.

Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на приодите до нивните објекти.