Фудбал

Роналдо е голгетерот во 2014

29.12.2014 11:56

Во 60-те натпревари од официјален карактер во дресот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Португалија тој постигна 61 погодок...

Кристијано Роналдо статистички е најдобриот стрелец во 2014 година. Во 60-те натпревари од официјален карактер во дресот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Португалија тој постигна 61 погодок. Во оваа престижна статистичка трка за нијанса заостанува Лео Меси. Тој 58 пати ги погодуваше противничките мрежи во 66-те истрчувања во дресот на Барселона и на аргентинската репрезентација.

Големото голгетерско трио го заокружува Шпанецот Хонатан Соријаново дресот на Салзбург, со 55 голови во 52 меча и со најдобар просек од 1.05 голови. Послабиот коефициент на австриската лига го оневозможува да биде на чело на листата.

Следат Израелецот Еран Захави од Макаби од Тел Авив со 40 голови во 47 настапи и Хрватот Андреј Крамариќ со својот голгетерски придонес од 39 голови на 49 мечеви во дресот на Риека.