1,5 милиони евра за субвенционирање на рибарството во 2015-та

29.12.2014 12:45

Донесена e програмата за субвенционирање на рибарството за 2015 година. Финансиската подршка за оваа дејност ќе биде скоро 1,5 милиони евра...

Со 1,5 милиони евра во 2015-та ќе се финансира порибувањето на езерата и реките, и изградбата и реконструкцијата на рибниците.

Субвенции ќе има и за мандрите на Дојранското езеро и капацитетите за преработка на риби.

Најголем дел се наменети за инвестиции во рибниците, за нови капацитети, проширување и за продадената риба на пазарот.

Исплатата на средства ќе се врши со реализирањето на активностите.

Договорот го склучува министерството по поднесено барање со бизнис план.

 

Методија Трајков