Јанакиески: Во текот на денот се очекува расчистување на патот Кичево- Охрид
29.12.2014 13:19
Патот Скопје- Велес е прооден, а на патот Кичево-Охрид во тек е отстранувањето на товарните возила...

Во Министерството за транспорт и врски се одржа состанок на кризниот штаб. Се координираа мерките за деблокирање на патиштата, за оспособување на енергетските системи, за пробивање на екипите до завеаните места.
Патот Скопје- Велес е прооден, а на патот Кичево-Охрид во тек е отстранувањето на товарните возила.
Министерот Миле Јанакиески апелираше до сите граѓани за сите информации и проблеми да се јават на телефонската линија 195, а за проблеми на патиштата на бројот на АМСМ 196.
