„На сите што имаат идеи им порачувам да почнат свој бизнис“ - Снежана Груевска

04.01.2014 15:17

Од слатко хоби до семеен бизнис.Велешанката Снежана Груевска,наместо да очајува за загубеното работно место,со финансиската поддршка за самовработување обезбеди егзистенција за своето семејство

По 25 години работа во велешки ,Жито Вардар”,  Снежана стана дел од  евидентираните невработени лица. Како минувале годините така  таа  ја губела надежта дека ќе најде ново вработување. Се до пред неколку месеци кога дознала дека  ги исполнува условите да аплицира  за самовработување,  со  финансиска поддршка на Владата.

„Идејата беше на синот за да отвориме сопствен бизнис. Голема поддршка, благодарение на државата која ни даде кредит да отвориме  бизнис.”-вели   Снежана Груевска.

Проблемот со невработеноста за Снежана  е минато. Сега таа  е преокупирана со желбата   да го задоволи вкусот на потрошувачите.

„Велешани имаат желба да порачуваат за дома, ги интересираат  новите слатки , имаме Шпански ветар, Шумска заведувачка, Баварска пита, Сникерс, Трилечето е актуелно“- рече Груевска

Оаа  жена  препорачува  младите да бидат  похрабри и да се решат за само вработување. Жали што порано не почнала сопствен бизнис.

„На сите што имаат идеи  им порачувам да почнат свој бизнис тие што знаат , што умеат и имаат креација за работа.Мене Владата многу ме охрабри“, рече  Груевска.

Засега колачите подготвени од Снежана ги купуваат  само велешани, но идејата за отворање  работилници во неколку градови  полека но сигурно се преточува во проект. Ако работите одат според планираното  Снежана  на следниот  повик за финансиска подршка за ширење  постоечки бизниси    повторно ќе аплицира .