Се очекуваат ниски температури и голомразица
Македонија е под снежна покривка. Вчерашните интензивни врнежи предизвикаа застој и блокада на неколку патни правци. Екипите на Македонија пат ги расчистуваат патиштата...

Снегот престана да паѓа. Метеоролозите велат дека врнежи нема да има, но се очекуваат ниски температури и појава на голомразица.
Македонија е под снежна покривка. Вчерашните интензивни врнежи предизвикаа застој и блокада на неколку патни правци. Екипите на Македонија пат ги расчистуваат патиштата.
Се препорачува внимателно возење. Според информациите од Центарот за управување со кризи регионалните патишта во прилепско се проодни и сообраќајот се одвива непречено.
Посочуваат дека снегот создаде проблеми во проодноста на локалните патишта, а нема настава во училиштата во дел од селата во општина Долнени.
