Уште 120 лица чекаат спас на запалениот грчки траект
Грчките медиуми известуваат дека веќе 4-ца патници не го преживеале кобното патување. Првата група од 50-тина спасени веќе стапна на италијанско копно во Бари. Спасувањето со хеликоптери го отежнува лошото време...

Уште 120 луѓе чекаат да бидат спасени од запалениот грчки траект во Јадранското Море. Грчките медиуми известуваат дека веќе 4-ца патници не го преживеале кобното патување. Првата група од 50-тина спасени веќе стапна на италијанско копно во Бари. Спасувањето со хеликоптери го отежнува лошото време.
„Ова е сложена спасувачка мисија. Видливоста е намалена, а временските услови се тешки. Но имаме надеж бидејќи во областа има голем број бродови“, изјави, Милитадис Варвициотис, министер за поморска трговија на Грција.
Инаку, обвинителството во Бари покрена криминална истрага за утврдување на причините за пожарот што доведе до поморската катастрофа.
