Пронајдени можни остатоци од исчезнатиот авион на „Ер Азија“

29.12.2014 13:49

Сепак, индонезиските власти се убедени дека авионот е веќе на дното на морето, но се уште немаат никакви докази бидејќи спасувачите штотуку пристигнаа на таа локација...

Најдени се можни остатоци од исчезнатиот авион на „Ер Азија“. Ги забележал австралиски авион во Јаванското море, над илјада километри од последната позната локација. Во моментов потрагата е насочена кон таа локација.

„Индонезиската влада нареди Националната спасувачка агенција, воздухопловството, морнарицата и војската да ги мобилизираат сите сили во потрага по авионот на море и на копно“, изјави Јусуф Кала, заменик претседател на Индонезија.

Сепак, индонезиските власти се убедени дека авионот е веќе на дното на морето, но се уште немаат никакви докази бидејќи спасувачите штотуку пристигнаа на таа локација.

Авионот со 162 патници и членови на екипажот исчезна на лет кон Сингапур.