Ракомет

„Си ја знаеме работата“

29.12.2014 14:09

До светското првенство во Катар има доволно време. По краткиот прекин на подготовките за новогодишните празници за нашите репрезентативци претастои настапот на турнирот во Франција...

Не многу убедливо,со доста осцилации и проблеми во одбраната ,но и атрактивно во нападот,нашата најдобра ракометна репрезентација со победа го отвори мини циклусот подготвителни натпревари пред светското првенство во Катар. Победа за самодоверба, за атракција и растоварување по напорните подготовки:

„Се почуствува уморот во нашите движења, во акциите, но на крај извојувавме победа.Селекцијата на Израел е противник што во моментов ни е потребен, можеби не се на наше ниво, но играат одбрана каква што ќе играат неколку репрезентации на светското првенство.Се радувам на победата, сите добија шанса и сите дадоа максимум.Си  ја знаеме работата и се надевам на крај се добро ќе излезе“-вели капитенот Кире Лазаров.

7-дневните подготовки со акцент на физичката подготвеност евидентно влијаеа врз играта на нашите репрезентативци, па конечно добиената шанса да се поигра со топка резултира со прифаќање на израелската трчај и шутирај тактика што резултира со безмалку ревијален натпревар и 76 постигнати погодоци:

„На крајот резултатот беше кошаркарски.Освен во првите 10-тина минути додека се прилагодивме на нивната длабока одбрана 3-2-1 потоа нападот беше одличен, дадовме 40 голови и промашивме уште безброј зицери па од таа страна можеме да бидеме задоволни.Имавме идеја во играта,имаше втрчувања,асистенции,добри пасови, но одбраната не функционираше на потребното ниво.Нозете се уште тешки, недостасуваше и Јоноскик, тешко затворавме на 6 метри, но за оваа фаза тоа е нормално и на тоа ќе работиме“-изјави по натпреварот селекторот Ивица Обрван.

До светското првенство во Катар има доволно време. По краткиот прекин на подготовките за новогодишните празници за нашите репрезентативци претастои настапот на турнирот во Франција и контролите со многу посериозни противници и потоа на 11-ти јануари патувањето во Катар. Доволно време за аклиматизација и финални подготовки пред првиот мундијалски предизвик, мечот со Тунис на 16-ти јануари.