Кливленд разочара, шампионот конечно победи!
Конечно, по три порази шампионот Сан Антонио го совлада Хјустон со 110:106 и тоа по шест загубени меѓусебни пресметки...

Шест НБА натпревари, едно изненадување, Кливленд загуби дома од Детроит со 103:80. Откако навивачите ги исвиркаа, Леброн Џејмс призна дека се уште не се добра екипа. Иако Кавалирс играа без Кајри и Варежао, но водеа на стартот со +15, а Пистонс со серија од 18:0 во вториот период го трасираа патот кон само седмата победа сезонава. Најпрецизен беше Џенингс со 25 поени.
Конечно, по три порази шампионот Сан Антонио го совлада Хјустон со 110:106 и тоа по шест загубени меѓусебни пресметки. Иако без Паркер и Леонард, Спарс го имаа расположениот Грин кој реализираше 24 коша и ги погоди четирите решавачки слободни фрлања во последната минута.
Торонто ја чува лидерската позиција во Источната конференција. Репторс славеа кај Денвер со 116:102, што е нивни шести триумф во последните седум меча. Лоури постигна 30 поени и придодаде 11 асистенции.
Торонто има ефект 24-7 или победа помалку од вориот на „западот“ Портланд кој беше убедлив пртоив Њујорк со 101:79. Метјус уфрли шест тројки и вкупно 28 поени. Со осмиот загубен меч во серија, Никс се екипата со најмногу порази во лигата, 28.
Коби Брајант се врати, постигна 10 поени, но Лејкерс и трет натпревар во низа не знаат за успех. Феникс беше подобар во „Стејплс центарот“ со 116:107, најмногу благодарение на 24-те поени на Горан Драгиќ.
Далас го задржа Вестбрук на само 18 коша и триумфираше против Оклахома за којашто и натаму не игра Дурент со 112:107. Новицки вторпат сезонава реализираше 30 поени.
