Предвремени парламентарни избори во Грција

29.12.2014 14:25

Според Уставот изборите треба да се распишат во рок од десет дена, а како можни датуми се споменуваат 25 јануари или 1 февруари. Последните анкети покажуваат континуирано водство на опозициската Сириза пред владеачката Неа Димократиа.

Предвремените парламентарни избори во Грција се извесни откако грчкиот Парламент не му ја даде поддршката од 180 гласови на единствениот кандидат Ставрос Димас ни во третиот изборен круг. За кандидатот на владеачката коалиција овој пат гласаа 168 пратеници, а против беа 132.

Според Уставот изборите треба да се распишат во рок од десет дена, а како можни датуми се споменуваат 25 јануари или 1 февруари. Последните анкети покажуваат континуирано водство на опозициската Сириза пред владеачката Неа Димократиа.

Лидерот на Сириз Алексис Ципас најави дека иако сака Грција да остане во Еврозоната, тој ќе бара запирање на мерките за штедење. Германија пак ја предупреди Грција дека нема да биде толериран каков било обид за менување на овие мерки.

Исходот од денешното гласање во Грција според странските медиуми отвара нова криза во Еврозоната. Евентуалната победа на Сирза која што се спротиставува на мерките на штедење според британски Телеграф претставува закана за иднината на еврото.

 

Марија Котовска - постојан дописник на МРТ од Атина