Се санираат дефектите во енергетската мрежа
29.12.2014 14:56
И покрај тешко пристапните терени, екипите на ЕВН вложуваат големи напори и постојано работат на отстранување на дефектите...

Поради обилните врнежи од снег и ветерот, дистрибутивната мрeжа на ЕВН Македонија во регионот на Дебар, Струга и Охрид претрпе големи штети.
И покрај тешко пристапните терени, екипите на ЕВН вложуваат големи напори и постојано работат на отстранување на дефектите.
Откако МЕПСО го отстрани дефектот Охрид, Струга и Дебар добија струја.
