Поквалитетни решенија за лицата со траен инвалидитет

29.12.2014 15:23

Од идната година ќе можат да земат електромоторна инвалидска количка на товар на Фондот...

ФЗОМ најави поквалитетни решенија за лицата со траен инвалидитет. Од идната година ќе можат да земат електромоторна инвалидска количка на товар на Фондот.

Ова право за да го оставарат околу 1.000 граѓањи во спедните пет години, нагласи директорката на Фондот, Маја Парнарџиева- Змејкова, потребно е да обезбедат конзилијарно мислење во соодветната Клиника за својата дијагноза како и дополнителни специјалистички прегледи со цел да ни потврдат дека се способни за управување со електромоторна инвалидска количка-скутер односно безбедно може да ја користат во сообраќај.

Претседателот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“, Бранимир Јовановски рече дека соработката со Фондот ќе ја продолжат и натаму.

Електромоторниот скутер ќе биде од голема корист за лицата над 65 години со претпоставка дека нивниот организам заслабнува и дека туркањето за придвижувањето на инвалидската количка со раце за нив е релативно потешко за разлика од младата генерација, посочи Јовановски.