МТКФ ги прогласи најдобрите
ејан и Аљоша Недев, како и Мате Ангеловски и Јадранка Недева Јарчевска ги понесоа признанијата на федерацијата како најдобри сениори во годината што изминува...

Деветте медали од Светското првенство во Каиро ги одредија лауреатите за 2014-та во традиционалното карате кај нас. Дејан и Аљоша Недев, како и Мате Ангеловски и Јадранка Недева Јарчевска ги понесоа признанијата на федерацијата како најдобри сениори во годината што изминува.
„Ова е една од најуспешните години во македонското карате. Среќни сме што најдобрите резултати ги постигнавме токму во годината кога се одбележуваат 45 години од формирањето на Карате клубот Работнички и 40 годишнината од формирањето на Македонската традиционална карате федерација“, изјави нашиот репрезентативец во традиционално карате Дејан Недев.
Меѓу наградените на церемонијата организирана од Македонската традиционална карате федерација беа и младинците, судиите, кадетите и јуниорите младинци. Нивна заедничка желба е 2015-та да биде уште поуспешна. А во неа главен настан е Европското првенство во Париз на крајот на ноември.
